Комисијата за заштита на конкуренцијата преку соопштение информираше дека во изминатиов период извршила повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот. Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните лица и одговорните лица во истите ќе бидат изречени соодветни казни заради сторените прекршоци“, се вели во соопштението на комисијата.