Автобус со 32 патници излетал од патот во текот на ноќта кај Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска, а во несреќата се повредени 24 лица.
Четири лица се тешко повредени, а 20 се полесно повредени, соопшти полицијата.
Автобусот превезувал патници до езерото Грундљзе, кога од се уште неразјаснети причини излетал од патот.
Автобусот застанал веднаш до езерото, а сите патници успеале да се симнат од автобусот.
Двајца тешко повредени со хеликоптер се префрлени во блиските болници, две со брза помош, а другите 20 полесно повредени се пренесени во околните клиники,пренесе Новости.рс.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворањето на Ламбе Алабаковски. Мицкоски побра ослободување на…
Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради…