Тлото под еден од најактивните вулкани во Јужна Америка врие: се заканува негова ерупција. Во Чиле веќе ѕвони аларм-се затвораат училишта и евакуираат жители.
Нивото на тревога за вулканот Виљарика е подигнато од жолт на портокалов степен (тоа е трето од четири нивоа). Виљарика, на околу 800 километри јужно од Сантијаго, е еден од најактивните вулкани во Чиле, земја во која постојат повеќе од 2.000 вулкани, од кои 90 се сметаат за потенцијално опасни.