Тврдењата за сексуална злоупотреба поврзани со позната хуманитарна организација за деца во Грција се најдоа на насловните страници во таа земја, а властите наведуваат дека би можело да се преземат правни чекори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу обвинувањата што ги истражува полицијата и правосудните органи се најмалку два случаи на сексуална злоупотреба, претепување и небрежност од страна на вработените и раководителите на добро познатото хуманитарно друштво „Кивотос ту Косму“ („Kivotos tou Kosmou”), објавија грчките медиуми, вклучувајќи ја и државната новинска агенција АМНА.
Обвинител од Атина задолжен за кривични дела над малолетни лица ги истражува пријавите, а се врши и претрес на објектите на хуманитарната организација.
Дневниот весник „Катимерини“ објави дека Министерството за заштита на граѓаните очекува дека ќе се зголеми бројката на поплаки за злоупотреба.
Министерот за заштита на граѓаните Такис Теодорикакос на социјалните мрежи објави дека „законот се применува за сите“, но не ја спомена наводната злоупотреба.
Министерството за финансии ги замрзна средствата на хуманитарната организација додека не заврши прелиминарната истрага.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).