Полицијата приведе тројца напаѓачи на градоначалникот на Арачиново

Денеска (13.09.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново. Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ.

извор: МВР
фото: Архива