Попова Шапка помеѓу дeсетте восхитувачки туристички дестинации во светот од страна на британскиот весник Тајм

Британскиот весник Тајмс ја наведе Попова Шапка како „восхитувачка туристичка дестинација“ во листа во која се наброени и лагуни во Исланд, францускиот гастрономски замок Белет и луксузни одморалишта во Дубаи.

Понудата на која Тајмс се фокусира во Македонија е компанијата Шар Аутдорс, која нуди ски авантури на Шар Планина.

– Формирана од група на домашни авантуристи, кои израснале во македонските планини, Шар Аутдорс овозможува адреналински уживања. Тие добро го познаваат задоволството на скијање по длабок снег, низ недопрени терени, и со задоволство ќе ве понесат на скијање, планинарење, возење со електрични велосипеди или истражување на планината со сродни посетители, пишува Тајмс.

Весникот додава дека 16-те водичи на Шар Аутдорс имаат меѓу 6 и 10 годишно искуство во организирање тури низ планината и применуваат високи безбедносни стандарди за своите посетители.

Прилогот е илустриран со фотографија од една од нивните типични авантури – посета на недопрени делови на планината со ратрак, по што гостите можат да скијаат низ длабок снег.

 

 

skopjeinfo.mk