Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов може да биде министер!

Новиот министер за локална самоуправа нема да биде некој од пратениците на ЛДП, потврди за МИА актуелниот министер во заминување и лидер на партијата, Горан Милевски, но затоа, пак, новиот министер би можел да биде поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов, дознава Плусинфо од партиски извори.

Неофицијално, како што дознаваме од високи извори во ЛДП, во игра за министерската фотелја во Министерството за локална самоуправа се двајца кандидати, но предност му се дава на Ристо Пенов.

– Во игра се двајца кандидати за министерското место од коешто поради приватни причини се откажува Горан Милевски. Еден од кандидатите е поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов, кој има отворена понуда од партијата, а има и предност за преземање на министерската фотелја. Пенов во моментов размислува и конечната одлука треба да ја донесе утре – брифираат нашите извори од ЛДП.

Денеска се очекува Горан Милевски да ја депонира својата оставка до Владата.

 

plusinfo.mk