Починато лице рано утринава е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, дознава „Курир“.
Во моментов не се познати околностите под кое е настаната смртта.
Како што дознава „4њуз.мк“ се работи за машко лице на возраст од 30 години и е од југозападна Македонија. Полициски екипи се на терен и работат на случајот.
Од МВР за „Курир“ потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.
извор:„Курир“