Почина жител од Албанија, изведувал градежни работи во Центар Жупа

На 07.10.2023 во 16.20 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди, по што починал, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Дебар и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

 

vesnik.com