Данец, кому пред четири години мачка му го гризнала прстот, починал откако се заразил со бактерија која „јаде човечко месо“.
Хенрик Кригбаум Плетнер вдомил мачка и нејзините мачиња од засолниште во 2018 година, а едно од нив го каснало за показалецот. За неколку часа, неговата рака мнгоу отекла. Се јавил на лекар, но му рекле да почека до следниот ден. На крајот завршил во болница каде останал цел месец при што морал да направи 15 операции.
Четири месеци по последната операција, неговиот прст сè уште не функционирал како што треба и лекарите решиле да му го ампутираат.
И покрај тоа, здравјето на 33-годишникот почнало да се влошува, а неговата мајка за локалните медиуми изјавила дека имунитетот му е ослабен, развил пневмонија, гихт и дијабетес.
Мачката го гризна низ крвениот сад и бактериите му се шират низ крвта, објасни таа.
Инфекциите на ткивата по каснување од мачки често се предизвикани од бактеријата Pasteurella multocida. Во одредени случаи, ова може да доведе до ретка бактериска инфекција наречена некротизирачки фасциитис, која може да биде фатална.
Семејството на Плетнер соопшти дека тој починал во октомври, но дека решиле да го објават во јавност сега за да ги предупредат другите сериозно да ги сфатат каснувањата од мачки.
Знаевме дека е лошо, но не знаевме дека е толку сериозно болен. Одете на лекар веднаш, немојте да мислите „тоа е само мачка“. Не преземајте ризици, рече неговата вдовица Дезире.
republika.mk