Почина млада девојка од Кумановско – излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја

Млада девојка почина за време на приватна забава во угостителски објекти. Според информациите од полицијата, станува збор за 22-годишна девојка со иницијали Љ.С. од Кумановско.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

извор: МВР
фото:Архива