Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани

На 56- годишна возраст почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој поради постковид компликации беше префрлен на лекување во Германија.
Според извори на весникот Тема, лекарите сугерирале еутаназија, како крајно решение по што бил исклучен од апарати.
Семејството на Нишани отпатувало за Германија за да даде согласност за тоа.
По инфекцијата со Ковид-19 тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана, но по влошената состојба на 23 април беше префрлен во Германија за поспецијализиран третман.

Роден е на 29 септември 1966 а претседател на Албанија беше во периодот 24 јули 2012 до 24 јули 2017.
Во владите на демократите, чиј премиер беше Сали Бериша, беше министер за правда, како и министер за внатрешни работи.

извор: Тема

фото: NEWS1.al