Почина поранешниот градоначалник на Битола Силјан Мицевски (78). Мицевски беше градоначалник на Битола во периодот од 1996 – 2000 година од редовите на СДСМ. Тој заедно со неговат сопруга Виолета Мицевска беа притворени во Истражниот затвор во Битола, по обелоденувањето на аферата ТАТ во 1997 година. Мицевски беше ослободен од сите обвиненија за негова вмешаност во аферата “ТАТ” и поведе постапка за надомест на штета против државата. Народната банка му исплати отштетата од повеќе од 25 милиони денари на градежното претпријатие “Пелистер” од Битола чијшто прв човек е токму Мицевски.
Related Posts
Ванковска: Честитки за првата жена претседател на Републиката!
Честитки за првата жена претседател на Републиката!, порача предмалку професорката Билјана Ванковска, која исто така се кандидираше за претседател. Ја…
Пендаровски на Џафери ќе му го врачи мандатот за состав на Влада
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 26 јануари 2024 година, во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери. Мандатот…
(ФОТО) Активности за крпење на ударните дупки
Во рамки на годишната програма за санација и асфалтирање на улици и пристапни патеки, започнаа активностите за крпење на ударните…