Водителот Џери Спрингер почина на 80-годишна возраст, објави TMZ. Џери беше домаќин на ток-шоуто „The Jerry Springer Show“ 27 години.
Претставник на семејството изјави дека на Џери му бил дијагностициран рак пред неколку месеци и неговата состојба се влошила претходната недела. Тој почина во својот дом во Чикаго.
Неговото ток-шоу беше познато по гостите кои често се степаа, па дури и физички, а сето тоа се случуваше додека публиката во позадина извикуваше: „Џери, Џери, Џери, Џери!“. Токму затоа неговото шоу важи за едно од најконтроверзните досега, но во исто време беше и едно од најгледаните.
Пред да ја започне кариерата како водител, се испроба и во политиката. Во 1970 година водеше неуспешна кампања за Конгресот на САД, во 1971 година беше избран за член на Градскиот совет на Синсинати. Неколку години подоцна, во 1977 година, тој стана градоначалник на Синсинати и служеше еден мандат.
Неговото шоу започна во 1991 година како емисија во која се разговара за политички прашања. Набрзо сè во шоуто се промени и стана сосема спротивно од почетокот. „Шоуто на Џери Спрингер“ своевремено беше попопуларно од шоуто на Опра Винфри. Снимањето заврши во 2018 година.
24sata.hr