По гласањето со АФД: Меркел се дистанцира од Мерц

Заедничкото гласање на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и АфД за миграциската политика во Бундестагот предизвикува големи критики не само од членовите на СПД и Зелените. Поранешната канцеларка и претседателка на ЦДУ, Ангела Меркел, исто така изрази загриженост за постапките на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц. Во својата изјава, таа нагласи дека ја смета за исправна позицијата на Мерц од ноември 2024 година, според која мнозинството треба да се бара само со партиите од центарот. „Овој предлог и односот поврзан со него беа израз на голема државничка политичка одговорност, која јас целосно ја поддржувам“, објасни Меркел. Таа дополни: „Сметам дека е погрешно мислењето повеќе да не се чувствуваме обврзани со овој предлог и на тој начин на 29 јануари 2025 година прв пат свесно да се овозможи мнозинство со гласовите на АфД при гласањето во германскиот Бундестаг “. Неопходно е „сите демократски партии заеднички, натпартиски, да направат сè, не како тактички маневри, туку искрено во однос на ова прашање, умерено во тон и врз основа на важечкото европско право, за во иднина да можат да се спречат такви страшни напади како оној пред Божиќ во Магдебург и пред неколку дена во Ашафенбург “, предупреди Меркел.

Во средата предлогот на ЦДУ и ЦСУ за построг курс во миграциската политика беше прифатен од Бундестагот со гласовите на АфД и ФДП, на остро противење од СПД и Зелените.

 

 

 

DW