По 17 години борба за мајчинство, 42-годишна жена доби бебе

Убавите вести брзо се шират, а повторно доаѓаат од Болницата „Плодност“ во Битола.

По 17 години обиди за зачнување и раѓање бебе, 42-годишна жена стана мајка благодарение на стручниот тим од болницата.

Тие споделија фотографии од „малиот јунак“ кој е резултат на процедура со одмрзнати ембриони.

Претходно, мајката имала два неуспешни обиди за забременување.

„Ништо не е невозможно за оние кои веруваат! Никогаш не се откажувајте од вашата цел да станете родител“ – порачуваат од болницата.

Ништо не е невозможно за оние кои веруваат!

После 17 години борба за мајчинство и верба во нашите експерти, 42-годишна мајка конечно го доби своето бебе во Болница Плодност. Овој мал јунак е резултат на процедура со одмрзнати ембриони.

Претходно, мајката имаше два неуспешни обиди кај нас, но на вториот обид замрзнавме ембриони во стадиум на бластоцисти – и токму тие денес ја донесоа оваа радост!

Оваа успешна приказна ни укажува на две важни работи:

  • Никогаш не се откажувајте од вашата цел да станете родител.
  • Ембриотрансферите со замрзнати ембриони често покажуваат подобри резултати од свежите ембриони.

Ембрионот беше мониториран во најсовремениот timelapse инкубатор – Ембриоскоп, единствен во нашата држава.

 

 

femina.mk