По 3-годишна борба со ракот, храбра хероина заѕвони победнички на ѕвончето во болницата во којашто се лекуваше.
Малата Пејсли имаше леукемија и цели 897 дена смело се бореше во детската болница „Health Arnold Palmer“ во Орландо. За среќа, таа извојува победа и го означи крајот на тоа болно поглавје од нејзиниот живот.
„ТАА УСПЕА! Денес е важен ден – последен ден од хемотерапиите на Пејсли. По толку многу долги денови, непроспиени ноќи и битки водени со храброст, нашата мала хероина излезе посилна отсекогаш. Пејсли, ти си дефиниција за храброст, издржливост и вистинска сила“ – пишува нејзината мајка Кејтлин.
„Ви благодариме што се боревте рамо до рамо со нас, за вашето неуморно работење и за љубовта која им ја давате на пациентите секој ден. Поради вас, Пејсли продолжува напред посилна и похрабра отсекогаш“ – пишува Кејтлин пишува Кејтлин за медицинските лица.
Кејтлин е активна на социјалните мрежи со цел да ја зголеми свеста за ракот кај децата и да поттикне донации за истражувања со надеж дека можеби еден ден ќе се пронајде лек за оваа опака болест.