Пред Австралија Oпен, Новак Ѓоковиќ продолжи да пишува тениска историја

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да ги испишува страниците на тениската историја бидејќи 407. недела ја започна како прв на АТП листата.

Новак овој понеделник има 11.055 поени. Зад него се Шпанецот Карлос Алкараз со 8.855 поени и Данил Медведев, со 7.555 поени. Во првите пет моментно се Јаник Синер (6.490) и Андреј Рублев (5.010).

Новак е рекордер и во машка и во женска конкуренција кога е во прашање листата на најдобрите, а сигурно е дека овој рекорд драстично ќе го зголеми, особено ако остане прв и по Австралија опен каде ја брани титулата.

 

telegraf.rs