Претседателот на Собранието Талат Џaфери денеска поради немање кворум им се закани на пратениците дека ќе пoкрене иницијатива за распуштање на Собранието , ако продолжи неодговорното однесување на народните избраници.
За присуство на денешната седница се потпишале 85 пратеници, а во салата имало само 58 пратеници.
Сите отсутни од салата ќе добијат и дневници и патни трошоци..
Џафери итно разговарал со лидерите на партиите од мнозинството, а како што и писмено соопшти наредил и да се откажат сите службени патувања на пратениците во текот на месец Јули.
telma.mk