Премиерот Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот Александар Николоски.Тој смета дека ова е голема работа и чест и говори за добрите односи меѓу двете зејмји.

Премиерот доби покана и веројатно ќе биде единстениот лидер што ќе присуствува на инаугурацијата.Тоа е огромна чест и привилегија, нешто што многу говори и за државата и за него лично како е доживеан и ценет во најсилната држава во светот.Убеден сум дека ова премиерот ќе го искористи и во најдобро светло ќе ја претстави Македонија и македонските интереси-изјави Николоски во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа.