ПресингТВ: Откри ли Бујар Османи нов скандал: Власта прави анкети со се уште необјавените уставни амандмани!?

Што ни отрки министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во синоќешниот настап во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија – Америка или нов скандал на власта?! Звучи малку и неверојатно, зашто Америка не може да ни ја открие, оти веќе и врапците знаат дека со уставните измени, покрај Бугарите, во Уставот треба да влезат уште и Хрватите, Црногорците, Евреите…, пишува „ПресингТВ“.

Но, звучи навистина скандалозно кога министер во Владата јавно ќе признае дека врз основа на содржината на уставните амандмани, шти ги подготви работната група која работеше во рамки на Министерството за правда, власта спроведува анкета или мерење на јавното мислење?! А, таа се уште не е помината на седница на Владата, ниту е доставена до Собранието и нејзината надлежна комисија, ниту пак се појавила во јавноста!

-Ние правиме испитување на јавното мислење. Верувајте дека луѓето се изненадуваат кога се соочуваат со текстот, во самите формулации. Значи, што правиме ние? Се разбира, како политички партии го испитуваме јавното мислење, ги соочуваме граѓаните, еве го текстот на амандманите. Верувајте дека најголемиот дел се изненадуваат дека се сосема различни од тоа што го слушаат на телевизија. Луѓето се зафатени со редовни работни обврски во текот на денот, тие немаат време да направат анализи на процесите. Ќе ги слушнат политичките партии, вестите, и создаваат одредено мислење и кога ќе ги соочите, ќе им кажете ова се уставните измени, запирка, овие народи се спомнуваат и толку, односно ќе им кажете дека логиката е дека тие се и сега во Уставот под формулацијата „и други“, сега само тоа „други“ се елаборира малку попрецизно кои делови од народи се, и верувајте направете го тоа како телевизија, текстот на амандманите со…, изјави меѓу другото Османи.

Иако е непознато кој ја спроведува анкетата, која целна група е опфатена со неа, колкав е бројот на испитаниците, од која етничка припадност се, повеќе од јасно е дека министерот Османи сака на тенок мраз да ги стави етничките Македонци, чие огромно мнозинство на сите релевантни истражувања на јавното мислење, речиси над 85%, се против устав ните измени под бугарски диктат и уцени.

Фактички, Османи јавно призна дека власта ги злоупотребува резултатите од работата на работната група!?

Од друга страна, пак, континуираното пролонгирање на тајмингот за поднесување на уставните амандамни до Собранието не кажува ништо друго освен дека власта се уште го нема обезбедено неопходното двотретинско мнозинство за измени на Уставот.

Убеденоста на Османи дека за промените на Уставот ќе гласаат и пратеници од опозицијата, барем засега нема основа и не ја надминува границата на обична манипулација на јавноста.

 

извор: „ПресингТВ“.