На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Related Posts
Лажни попусти за „Блек фрајдеј“ во Македонија
„Црн петок” во Македонија – маркетиншки трик за празни кеси и полни каси. Пазарните инспектори вчера во моловите во Скопје…
Тешка сообраќајка кај Пехчево, судар на две возила
Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик. Несреќата се случила околу 18:00…
Бојмацалиев: Поднесени 200 кривични пријави против 865 сторител во период 2019-2023 од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал
Денеска, (20.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски,…