Приведена девојка од Данска која нападнала полицајци на скопскиот аеродром

Девојка од Данска била агресивна со полициски службенци на скопскиот аеродром, по што била приведена.

На 08.07.2022 во 04.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведена Ф.Љ.(27) од Данска, која агресивно се однесувала и физички нападналa полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во билтенот на МВР

извор: МВР
фото: Архива