На 04.03.2022 околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји. Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ.
Related Posts
Сончево со умерена облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ= 8…
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
Струјата во Македонија, сепак, минимално ќе поскапи, но колку точно засега е неизвесно. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не очекува…
Република: Претрес кај ексградоначалник, пронајдено големо количество нелегално оружје?!
При претрес кај поранешен градоначалник било пронајдено поголемо количество оружје, дознава Република од полициски извори. Според информациите до кои дојдовме…