Вчера ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево. По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Владата откако ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот најавува нова корекција со која тие би можеле повторно да раснат
Владата откако ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот во пресрет на празниците, најавува нова корекција со која тие би…
Востоличен новиот Митрополит Делчевско-каменички г. Марко
На вчерашната свечена Архиерејска Литургија во соборниот делчевски храм на Сечесното Успение на Мајката Божја беше востоличен новиот Митрополит на…
За време на викендот многу постабилно и посуво време, наутро значително постудено, преку ден потопло!
По подолгиот период на многу променливо и нестабилно време, и со чести врнежи, како и со потпросечни температури за месец…