На 23.04.2022 во 16.00 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ на дрзок начин. Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на оштетената и одзел златен ланец од вратот. Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Related Posts
Уапсен крадец во Скопје – од возило украл чанта со пари и документи
Полициски службеници од Полициската станица Драчево, синоќа во 21:55 часот, го лишиле од слобода А.А.(41) од Скопје. Тој се сомничи…
Србија нема да ги забрани “Спутник” и “Раша тудеј”
Западот и Европската Унија со години држат лекции за медиумските слободи, а сега воведуваат брутална цензура за да шират омраза…
Димитриеска Кочоска: Тоа што УЈП го даде како известување дека злоупотребите со повратот на ДДВ се однесуваат на нафтените компании е само една капка во морето, најчесто се кај компаниите во југоисточна Македонија
Нашите информации говорат дека она што УЈП го даде како известување дека се однесува на нафтените компании е само една…