Приведен сопственик на локал во Арачиново, кај него пронајден пиштол

Вчера (22.10.2023) околу 20:45 часот во рамки на „Безбеден град“ полициски службеници од ОСОСК во содејство со Одделот за специјални полициски операции извршија заедничка контрола во угостителски објект во скопско Арачиново, при што е приведен сопственикот на објектот С.Џ.(34) од Арачиново.

При преглед на присутните во угостителскиот објект, кај сопственикот е пронајден пиштол со полна рамка.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружјето.