Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид, следуваат соодветни пријави

На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.