Приведен 30-годишен грчки државјанин на Табановце, во возилото му пронашле марихуана и три дробилки

На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција.

При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.

Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.