Приелп ја слави својата градска слава со мини посни сармички

Со утринска света архиерејска литургија, со литија и со сармичиња колку ноктот Прилеп и годинава традиционално ќе го прослави Св. Никола.

– Го почитуваме и го славиме големиот светец, Св. Никола, кој не се откажувал, и покрај маките на кои бил изложен, од правдата за онеправданите. Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела. Пред се, да се вратат моралните вредности, порача на ланската слава владиката Петар.

Св. Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците.

– Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата, беше нагласено на ланската слава, а така ќе биде и годинава.

Прилепчани велат дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите.

Годинава, организирано градската слава Свети Никола во Прилеп ќе се прослави по 19-ти пат. Востановена е во 2006 година. Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80.191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот, кој секогаш се паѓа во Божикните пости.

Годинава домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп. А вештите раце на прилепчанки и прилепчани се познати по подготвувањето на сарма, како што тие велат, колку ноктот на палецот.

 

 

 

denesen.mk