Пристигна Новата година во Кирибати, Самоа, Нов Зеланд, Австралија

Новата 2023 година пристигна, а најпрво ја дочекаа жителите на островот Лаеин, кој припаѓа на островската држава Кирибати во Тихиот Океан, како и во Самоа и Нов Зеланд.

Кирибати се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите.

Република Кирибати е островска земја чии 33 атоли – корални острови, распространети на повеќе од 1.351.000 квадратни километри во областа околу екваторот. Земјата припаѓа на земјите од Комонвелтот и има околу 103.000 жители кои населуваат 21 остров.

По Кирибати, Новата година ќе ја дочекаат жителите на Далечниот Исток на Азија и Нов Зеланд, а потоа следуваат Австралија, Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји, па Европа и Африка, а потоа Америка.

„Full Circle“ завршува на полноќ на 31 декември на Пацификот – Хаваи, Американска Самоа и островите Мидвеј.

vesnik.com