Девојчето Дуња Марковиќ, кое исчезна во Уб, е пронајдено живо, соопштија за Танјуг од Планинската спасувачка служба.
Девојчето било пронајдено пронајдено живо недалеку од куќата.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи на Србија.
-Исчезнатото девојче Дуња е пронајдено на околу два-три километри од домот. Испратена е на медицински прегледи за да се види дали е се во ред со неа, истакнаа од полицијата.
Девојчето исчезна вчера откако си играла со браќата во близина на куќата.