На 05.01.2025 околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Related Posts
Ковачевски појадуваше во РЕК Битола, на мени имаше сендвич со мортадела и сок од боровница
Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на…
„Влада наскоро ќе започне набавка на 100-120 електрични автобуси“, најави премиерот Мицкоски
– Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе…
Општина Охрид до Левица: Вашиот член во УО на ЈП „Водовод“ да ви објасни дека ЈП Водовод, нити барал, а нити има можност да бара било какво покачување или намалување на цената на водата за пиење
Доколку Левица се сериозна политичка организација како што милуваат да се прокламираат, чесно би било партијата Левица да го повика…