Пронајдено е тело во водите на реката Вардар, ќе се идентификува дали е возачот на автомобилот кој на 27 септември падна од мостот во Желино, во реката Вардар.
-СВР Тетово заедно со пожарникарите од 8 часот се на терен. Во 10.40 е пронајдено безживотно тело на машко лице во непосредна близина на Касарната Еребино, до Втора капија. Ќе се врши идентификација на телото”, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Телото не е извлечено, се чека екипа на МВР. На лице место е лекар по судска медицина.
Потрагата по исчезнатиот 22-годишен кумановец започна веднаш откако е откриено неговотоо возило.
извор: СВР Тетово