Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
Министерство за култура по протестот на Филхармонија: Работиме на решение кое набргу ќе го споделиме со сите засегнати
Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети…
Еве ги новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за…
Опожарено телото на возачот кој загина по судар на патот Прилеп–Ресен
Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи рано утрово кај Битола. Од МВР известуваат дека…