Пронајден скелет во стан во Белград, станарот никој не го видел три години

Човечки скелет бил пронајден завчера во стан во Белград. Според српските медиуми, скелетот бил пронајден во населбата Врачар, во станот во кој живеел 90-годишен старец.

Соседите, наводно, не го виделе човекот од 2020 година.

Соседите не пријавиле ширење на непријатна миризба, а не е јасно зошто телото не е пронајдено порано.

Наредена е обдукција која ќе покаже дали навистина се работи за 90-годишниот станар на зградата, пишува Н1.