Пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја главна точка на средбата на Мицкоски со Вучиќ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

Тој посочува дека се согласиле оти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

Особено сум благодарен за фактот што Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, наведува Вучиќ.

Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а ќе има средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

 

 

denesen.mk