Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар рано утрово околу 4 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: С.А.(36) од гостиварско Дебреше, С.Т.(23) и Ф.Т(54) од гостиварско Неготино, С.Т.(40) од гостиварски Равен, С.Р.(40) и Н.Р.(41) од гостиварско Врапчиште, А.П.(34) од Скопје и гостиварците Д.О.(35), П.М.(36) и Б.Г.(40).
Како што соопштува СВР Тетово, тие се сомничат за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која непосредно пред тоа се случила во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар.
Според пријавеното, во пресметката биле користени стаклени и дрвени предмети, а еден од учесниците пукал и од огнено оружје.
Сите се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
фото:МВР