Путин го зголемува влогот: Русија ќе се брани со нуклеарки

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот одобри измени во нуклеарната доктрина кои и ја отвораат вратата на Русија за користење нуклеарно оружје доколку земјата е цел на ракетен напад со конвенционално оружје поддржан од нуклеарна сила.

Одлуката да се смени официјалната руска нуклеарна доктрина е одговор на Кремљ на одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел против Русија.

Ажурираната доктрина ги дефинира заканите кон Русија на кои раководството би одговорило со нуклеарен напад. Меѓу нив се вброени напади со конвенционални ракети, дронови и други летала кои ги исполнуваат критериумите. Исто така се дополнува дека агресија врз Русија од држава која е членка на коалиција, од Москва ќе биде сметана како агресија од целата коалиција.

Средство за одвраќање
Одлуката доаѓа на 1.000 ден од руската агресија врз Украина и откако САД му дадоа дозвола на Киев да користи ракети со долг дострел.

„Беше неопходно да ги ускладиме нашите принципи со новата ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, додавајќи дека Русија „секогаш го сметала нуклеарното оружје како средство за одвраќање“.

Во изминатите три години од почетокот на агресијата врз Украина, Путин во повеќе наврати се закануваше со употреба на нуклеарно оружје. Кога измените за првпат беа најавени во септември годинава, Песков ги нарече „предупредување“ против секој кој има намера да учествува „во напад врз нашата земја со различни средства, кои не мора да биде нуклеарни“.

 

 

DW