Путин нареди да се стават нуклеарните сили во борбена готовност, по „агресивните изјави“ од Западот

Во драматична ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот, рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, попладнево му нареди на министерството за одбрана да ги стави во „режим на специјална борбена подготвеност“ нуклеарните сили на земјата.

„Највисоките функционери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави кон нашата земја, затоа им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги префрлат силите за ограничување на руската армија во режим на специјална борбена подготвеност“, рече рускиот претседател.

 

извор/фото: агенции