Полицијата извршила претреси кај 24 лица на 30 локации главно во Скопје и две во Велес каде се откриени оружје половина милион евра во различнми апоени, разна опрема, панцири моторни возила накит и злато. Претресите според Тошковски продлжуваат и понатаму а во одредени места вклучена и армијата со специјални скенери како и багери за копање, објави Канал 5.
Полицијата во подготовката на акцијата утврдила дека некој им јавува на криминалците па морале пред предвидениот термин да дејствуваат. Уапсена се 4 лица дел од групата е веќе во затвор а едно лице им избегало по дојавите.
Обвинителството во своето соопштение објави дека почна истрага против 18 припадници на криминалната банда позната во јавноста како „Беланоца-Барон“ за сторени најмалку осум убиства меѓу мафијашките кланови, рекет, лихва и опожарени спортски обложувалници. Дел од уапсените,се сомничат дека наплаќале од 10 до 25о илјади евра за убиство. Покрај оваа полицијата изминатите денови имала и акција за апсење на три лица од Гостивар и едно од Струга за разбивање на тероростичка група со идеолошка матрица на ИСИС која според информациите подговтувала напади во земјава и надвор од неа кон цивили и јавни објекти.