На панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“, премиерот Еди Рама во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече дека се чувствува „трагично оптимист“, јави албанската генција Балканвеб.
Албанскиот премиеро додаде дека не верува оти во 2030 година ќе бидеме во ЕУ и нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.
– Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија, рекол Рама.
Рама, посочува агенцијата, не ги штедеше ниту шегите кога на почетокот на говорот рече: Со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион.