Револуционерно откритие на млад турски физичар на Харвард за потеклото на животот на Земјата

На прагот да го заврши својот докторат по физика на Универзитетот „Харвард“, младиот Турчин Фуркан Озтурк (26) дојде до револуционерно откритие за потеклото на животот на Земјата, предизвикувајќи значителна возбуда меѓу научниците, јавува Анадолу.

Откритието, кое обезбедува увид во потеклото на животот на Земјата и можноста на вонземскиот живот, се врти околу концептот на хомохиралност, што ја објаснува предноста за специфични огледални облици на молекули во живите организми.

Истражувањето на Озтурк и неговиот тим е објавено во научното списание „Science Advances“. Тие постигнаа напредок во разбирањето на потеклото на биолошката функција и предлагаат дека е можно магнетните минерали на раната Земја да одиграле улога во изборот на една огледална форма на биомолекулите над друга.

Во 1848 година, францускиот хемичар Луј Пастер го претстави концептот на хомохиралност, кој објаснува дека одредени молекули неопходни за живот постојат во огледални облици, исто како случајот со левата и десната рака. Сепак, и покрај 175 години истражување, потеклото на ова својство остана една од најголемите мистерии на биологијата.

Иако е потребно повеќе работа за целосно разоткривање на мистеријата, научниците веруваат дека ова откритие е клучен чекор кон разбирањето на фундаменталните процеси што го иницирале формирањето на животот.

– „Вистинско револуционерно откритие“ –

„Ова е вистинско револуционерно откритие. Хомохиралноста е од суштинско значење за почеток на биологијата, а тоа е можно, би рекол многу веројатно решение“, истакна нобеловецот и биохемичар Џек Шостак.

Озтурк, кој дипломира физика на Универзитетот „Билкент“ во турската престолнина Анкара, вршел истражување за потеклото на животот на Земјата околу две и пол години на Харвард.

Текстот во целост на: Анадолу.

фото:Анадолу.