Поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат, бизнисменот Вице Заев, денеска регистрирале фондација наречена „Заев – Едно општество за сите“, објави „Фокус“.
Директор на фондацијата е Зоран Заев, а според она што е наведено како нејзина дејност, таа ќе врши „активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница“ во Струмица.
Цели на фондацијата се креирање на „Заев социјално-хуманитарна програма“, „Заев солидарно – инклузивна програма“, „Заев конгрес центар“, „Заев програма за животна средина“, „Заев академија на јавни политики“, „Заев спортско-рекреативна програма“, „Заев мото-рели“…
Идејата за формирање на фондација Заев ја најави во март на дипломатскиот форум во Анталија. Најавено беше дека во тимот на фондацијата ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и други поранешни функционери, актуелни интелектуалци, професори, бизнисмени.
fokus.mk