Регистриран земјотрес во Битола

Земјотрес со локална магнитуда од 2.6 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 18.18 часот со епицентар на 115 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, која соопшти дека тој бил почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.