Република: Внукот на Али Ахмети, Дрин дал исказ во Обвинителството за оргaнизиран криминал за случајот „Соравија“ и си заминал

Бизнисменот Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ дал исказ во Обвинителство за организиран криминал за случајот „Соравија“, дознава „Република“ од извори во обвинителството.Од она што успеавме да дознаеме, Ахмети помладиот вчера бил во Обвинителството, дал исказ и си заминал, објави „Република“.

Дрин Ахмети претходно нѐ поздрави од Америка, каде беше со својот брат и таткото, односно братот на Али Ахмети. Тој неофицијално во САД заминал веднаш по промената на власта во Македонија каде еден од главните актери.

Дрин стана познат откако беше објавено дека станал сопственик на Трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје.

Но по притисокот од јавноста и од медиумите, кон крајот на минатата година тој објави дека компанијата ќе биде преземена од „Тексас американ интернешнл холдингс“ на бизнисменот Ник Назар Мехмеди од САД, кој е поранешен финанисер на УЧК.

Тогаш беше објавено и дека на фирмите на Ахмети „Тхор Индустрис“, како и на „Соравиа Инвест“, им се блокирани сметките, но и за тоа нема потврда

„Република“ испрати прашање до Обвинителството дали Ахмети навистина дал исказ, но сѐ уште немаме одговор.