Родител на ученик во загребско училиште, со закани кон наставничката дека ќе се повтори белградското сценарио

Поради сериозни закани од белградското сценарио, како и пронаоѓање на забранети предмети кај еден ученик, полицијата вчера интервенирала. Домот на младиот човек бил претресен, а настанот бил пријавен во Министерството за образование
Родител на еден ученик во основно училиште во Загреб ѝ се заканил на наставничка дека ќе се повтори белградското сценарио бидејќи ученикот добил прекор, пишува Индекс.хр.

Белградското сценарио алудира на минатонеделниот масакр во Белград, кога 13-годишник уби девет лица на училиште.

Поради сериозни закани од белградското сценарио, како и пронаоѓање на забранети предмети кај еден ученик, полицијата вчера интервенирала. Домот на младиот човек бил претресен, а настанот бил пријавен во Министерството за образование.

„Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште за отпочнување на интервенција во психолошка криза, кое било спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството кај децата и младите“,

велат од Министерството.
Од синдикатот „Препород“ велат дека треба уште многу да се работи во однос на безбедноста во училиштата, а најголем проблем е што директорите често не сакаат да зборуваат за тоа. Случајот во Белград потсети на загрижувачката статистика која укажува дека менталните нарушувања кај децата и младите се зголемени за речиси 300 отсто, а обидите за самоубиство за 280 отсто, пишува Индекс.хр.

Седум барања од советот на родители од училиштето „Владислав Рибникар“

 

index.hr