МиГ-21 и хеликоптер испратени во потрага по борбен авион исчезнале од екраните на радарите, јавуваат романските медиуми.
Најпрво од екраните на радарот исчезна МиГ-21, а потоа и хеликоптерот „пума“ кој беше испратен во спасувачка мисија. Романските вооружени сили наведуваат дека пилотот на хеликоптер пријавил дека времето е лошо, по што му било наредено да се врати во базата.
Во хеликоптерот имало вкупно пет лица.
Последната позната локација на хеликоптерот била на околу 11 километри од аеродромот, додека авионот исчезнал од радарите северно од Констанца.
извор/фото: rts.rs