Американскиот Стејт департмент бара од Владата на Косово да ги исполни барањата на САД и меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата на северот, се вели во соопштението на оваа институција за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 4 јули. Тие барања, се додава, го вклучуваат и предлогот од Европската унија (ЕУ) за решавање на кризата во три точки, објави slobodnaevropa.mk.
Додека секојдневно пристигнуваат повици за „итна деескалација“ на ситуацијата на северот на Косово, политичкиот аналитичар Имер Мушколај од Приштина смета дека „притисоците“ на меѓународната заедница не даваат резултати и оценува дека треба да се смени пристапот кон изнаоѓање решение.
Од друга страна, Игор Марковиќ од невладината „Актив“ смета дека меѓународната заедница „го губи трпението“ и дека наскоро од нив може да се очекуваат поконкретни чекори.
Западните земји главно го обвинуваат косовскиот премиер Албин Курти за кризата на северот на Косово од крајот на мај кога албанските градоначалници со помош на полицијата се обидоа да влезат во нивните канцеларии во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.
Тогаш ЕУ и САД побараа од Курти да исполни три услови: повлекување на специјалната единица од општинските згради на северот на Косово, распишување нови избори на северот на Косово и градоначалниците Албанци да работат од алтернативни локации во во меѓувреме.
Премиерите на Холандија и Луксембург Марк Руте и Ксавиер Бетел, на 4 јули, по средбата со Курти во Приштина оценија дека овие барања се најдоброто решение за смирување на тензиите.
Но, Владата на Косово досега не направи ништо за да ги исполни.
Ќе попушти ли Курти под притисок?
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk