Русија „не го видела“ планот за европски безбедносни гаранции за Украина

Русија тврди дека „не го видела“ предлогот на европските лидери за создавање мултинационална мировна сила за гарантирање на мирот во Украина, објавен еден ден претходно.

Европските лидери предложија „мултинационална сила“ предводена од Европа со поддршка од Соединетите Држави за спроведување на потенцијален мировен договор во Украина, се наведува во заедничкото соопштение по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин.

Силата – според соопштението објавено доцна во понеделник – би била дел од „силните безбедносни гаранции“ за Украина од Соединетите Американски Држави и европските сили, со цел да се гарантира дека Русија нема да прекрши никаков договор за завршување на војната започната со рускиот напад во 2022 година.

Но, Русија во вторник одби да го коментира документот.

„Досега видовме извештаи во весниците, но нема да одговориме на нив. Сè уште не сме виделе никакви текстови“, им изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на новинарите, а пренесе АФП.

 

 

 

slobodnaevropa.mk